Јувентус и Наполи спремаат голема трампа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.

Италијанските медиуми тврдат дека Милик веќе се договорил со Јувентус, па останува уште клубовите да најдат заеднички јазик.

Наполи во замена за Милик го сака Бернардески, кој е на излезна врата од Јувентус.