Јувентус и Барса спремаат интересна трампа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Трансферот на Нејмар во Барселона моментално е главна тема на трансфер пазарот, но од друга страна Каталонците работат и на други трансфери.

Имено, италијанските и шпански медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи вчера имал средба со челниците на Барселона.

Главна тема бил можниот трансфер на Хуан Миранда, младиот лев бек за кого Јувентус покажува сериозен интерес. Меѓутоа, двата клуба започнале разговори и за евентуална трампа Ракитиќ – Емре Чан.

Двајцата играчи за врска се на излезна врата од своите клубови, но Барселона сака да го продаде Ракитиќ за да може да финансира дел од трансферот на Нејмар.

Од дрига страна Емре Чан после само една година стана „вишок“ во Јувентус, па „бјанконерите“ се спремни да направат трампа со Ракитиќ.