Јувентус сака да го „украде“ Ромањоли од Милан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанскиот шампион Јувентус е сериозно заинтересиран за младиот дефанзивец на Милан, Алесио Ромањоли, пренесуваат италијанските медиуми.

Ромањоли одигра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, па Јувентус сака да го „украде“ од редовите на големиот ривал.

„Старата дама“ се надева дека проблемите кои ги има Милан со УЕФА и финансискит фер-плеј ќе доведат до заминување на неколку ѕвезди, па внимателно ја следат ситацијата околу Ромањоли.

Тренерот Алегри смета дека Ромањоли е иднината на италијанската одбрана, па во него гледа идеален наследник за Бенатиа.

Меѓутоа, „росонерите“ не сакаат да слушнат за продажна на столбот на одбраната. Минатото лето одбија понуда од 50 милиони евра од Челзи за неговиот потпис.

Ромаљоли има договор со Милан до 2020 година и веќе се започнати преговори за продолжување на истиот до 2023 година.