Јувентус и го „украде“ најголемиот талент на Барселона!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Сите знаат дека Барселона има голем број на „дијаманти“ во својата школа. Меѓутоа, во последно време многумина се одлучуваат да ја напуштат „Ла Масија“.

Во последно време талентите од Ла Масија ретко добиваат шанса да заиграат за првиот тим, па се одлучуваат кариерата да ја продолжат на друго место.

Денес италијансиот шампион Јувентус ги информираше челниците од „Камп Ноу“ дека во нивните редови преминал 16-годишниот Пабло Морено.

Морено до сега во младинските категории постигна преку 200 гола, но реши да ја напушти Барселона. Негов менаџер е братот на Гвардиола, Пере, кој смета дека фудбалерот подобро ќе се развива во Италија.

„Старата дама“ за овој трансфер ќе плати 3 милиони евра, а Морено ќе се приклучи на младинскиот тим на Јувентус.

Медиумите овој случај го споредуваат со тој на Мауро Икарди кој се пресели во Сампдорија, а денес е еден од најдобрите напаѓачи во светот.