Јувентус го претстави засилувањето од 25 милиони!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дефанзивецот на Аталанта Матија Калдара поптишал петгодишен договор со Јувентус „тежок“ 25 милиони евра, но според договорот тој уште 18 месеци ќе остане во екипата од Бергамо.

Јувентус го скаутираше 22-годишниот Калдара подолго време и оцени дека овој млад играч може да биде вистинскиот наследник на Барзаљи.

Италијанскиот шампион за трансферот ќе плати 15 милиони евра, низ разни бонуси уште шест милиони евра, додека останувањето на Калдара во Аталанта уште 18 месеци ќе го стимулира со четири милиони евра.

Аталанта оваа сезона е едно од најпријатните изнандувања во Серија А, а тимот е составен во најголем дел од играчи од младинската школа.

Атланта минатата недела на Интер му го продаде Роберто Гаљардини за сума од 27 милиони евра.

13.01kal2