Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот на Наполи одигра фантастична сезона, но и овој пат најверојатно ќе остане без Скудетото кое повторно ќе заврши во рацете на Јувентус.
Сега италијанските медиуми пренесуваат дека „старата дама“ спрема нов удар за „наполитанците“ и го сака еден од најдобрите нивни играчи, Калиду Кулибали.
Агентот на Кулибали, Бруно Сатин зборуваше за иднината на својот клиент и не ја исклучи можноста тој да се пресели во Јувентус.
„Се уште е многу рано да зборуваме за трансфери. Претстои Светско првенство, па треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Исто така треба да видиме каква ќе биде иднината на Сари“, изјави Сатин.
„Кулибали во Јувентус? Зошто да не, тој е врвен фудбалер и може да игра во секој од најголемите европски клубови. Меѓутоа, се уште е многу рано да зборуваме за трансфери“, додаде агентот.
Ecco la #primapagina di oggi: #Calciomercato #Juve, #Koulibaqui; Calciomercato #Milan, c'è #Falcao; #Bava: grazie Juve, io resto al #Toro; Leggi l'#edizionedigitale ➡️ https://t.co/4c8B3sFefD pic.twitter.com/saGJhMVdRM
— Tuttosport (@tuttosport) May 9, 2018