Home Спорт Јуве прави „напад од соништата“ – доаѓа еден од најдобрите во светот

Јуве прави „напад од соништата“ – доаѓа еден од најдобрите во светот

Јувентус е спремен да направи потрес на европскиот пазар и во своите редови да го донесе еден од најдобрите напаѓачи во светот!

Денешното издание на „Кориере дело Спорт“ пренесува дека главна трансфер цел на „старта дама“ за следната сезона е напаѓачот на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани.

Кавани е во „ладна војна“ со Нејмар и е спремен на крајот на сезоната да ја промени средината, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.

Наводно, „бјанконерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент, кој дал зелено светло за трансферот бидејќи Уругваецот сака да се врати на Апенините.

Јувентус нема да жали пари и наводно е спремен да понуди 80 милиони евра, а ако се реализира овој трансфер „старата дама“ ќе има напад од сонишатата – Кавани – Игуаин – Дибала.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…