Јуве десеткуван во одбраната, доаѓа засилување од Челзи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот шампион и лидер во Серија А во наредните да до три месеци ќе биде без двајца важни играчи од одбраната, Леонардо Бонучи и Дани Алвеш.

Двајцата се повредија на првенствениот дуел против Џенова. Дани Алвеш има прелом на метаторзалната коска и ќе паузира околу 3 месеци, додека Бонучи има повреда на бутниот мускул и ќе биде надвор од терените цели 2 месеци.

Поради тоа „старата дама“ ќе мра да биде активна во зимскиот преоден рок и да донесе нивна замена, а италијанските медиуми тврдат дека прва трансфер цел е Бранислав Ивановиќ од Челзи.

Ивановиќ оваа сезона падна во втор план кај Антонио Конте, а со оглед на фактот дека неговиот договор завршува на крајот на сезоната „бјанконерите“ можат да го купат за симболична сума.