Advertisements
Вебкафе

Јункер за малку ќе ги запалеше претседателот на Руанда и неговата сопруга

Првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, минатата недела присуствуваше на меморијалното одбележување на 25-годишнината од геноцидот во Руанда во кој беа убиени околу 800.000 луѓе.

Меморијалната церемонија беше одржана во Меморијалниот центар во главниот град Кигали. Во таа пригода Јункер се најде во друштво на претседателот на Руанда, Пол Кагаме, и неговата сопруга Жанет.

Тие добија факли со кои симболично запалија пламен, после што Јункер се сврти за да го предаде факелот. Притоа, за малку ќе ги изгореше на лицето Кагаме и неговата сопруга.

Advertisements

Најпопуларно

To Top