Јункер не е за брз влез на Балканот во ЕУ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер истакна дека не е за тоа земјите од Западниот Балкан што побрзо да влезат во Европската Унија.

Меѓутоа, тој истакна дека на земјите од Западниот Балкан не смее да им се одземе европската перспектива.

Во интервју за Политико, Јункер истакна дека ЕУ, и покрај „годината полна со предизвици“, е расположена да се носи со проблемите што ќе ѝ застанат на патот, вклучувајќи ги брегзитот и Доналд Трамп.

Кога станува збор за брегзитот, Јункер истакна дека луѓето со време ќе станат свесни за проблемите на дневна основа, без можност да донесат кохерентен одговор на нив.

„Брегзитот со време ќе се случи. Нема да одам далеку и да го кажам тоа што премиерот на Малта Џозеф Мускат го кажа, дека брегзитот никогаш нема да се случи. Тргнувам од хипотезата дека ќе го има“, кажа Јункер.

Јункер зборуваше и за Доналд Трамп и кажа дека на претседателот на САД веќе му објаснил дека треба да престане да бара другите земји да ја имитираат Британија околу излегувањето од ЕУ.

Тој се потсмеваше и со неодамнешните случувања во белата куќа.

„Тоа е неверојатно“, кажа Јункер осврнувајќи се на отказот на директорот на комуникации Ентони Скарамучи по само десет дена.

„Подобро сме организирани од Трамповата администрација. Само затоа што постојат некои внатрешни потешкотии, тие на се решаваат со откази, туку со разговор“, истакна Јункер.

Тој додаде и дека „ако ЕУ се распаѓа како што тврди Трамп, Западниот Балкан би ја изгубил европската перспектива“.

„Не сум за тоа земјите од Западниот Балкан набрзо да ѝ се придружат на Европската Унија, но ако ја земете европската перспектива, тогаш повторно ќе го имаме она што го имавме во деведесеттите. Во таа смисла стабилноста на системот на ЕУ е предуслов Балканот да не биде повторно во војна, се надевам дека Трамп тоа го разбира“, кажа Јункер.

Тој додаде дека од 2014, кога стапи на функцијата, научил да се носи со проблемите.

„Доколку Европската комисија не обезбедеше Грција да не излезе од еврозоната, балансот ќе беше многу полош. Тогаш силно се борев за стабилност, особено за Грција. Да не ги направев тоа, Европа ќе се распаднеше“, смета тој.

Јункер кажа дека е свесен дека Европа се соочува со проблеми, како на пример со Унгарија и Полска кои одбиваат да прифатат емигранти според одлуките на ЕУ.

„Разговараме редовно со (унгарскиот премиер) Орбан иако тоа не е секогаш пренесено во медиумите. Не сакам да ја изгубиме Унгарија“, кажа Јункер, но нема такви зборови за Полска.

За преговорите со Турција тој кажа дека не би требало да се прекинат, дури ни на хартија.