Актуелно

Јункер: Македонија е на добар пат до неусловена препорака за ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по средбата со премиерот Зоран Заев, рече дека Македонија во изминатиот период спровела реформи со кои е на вистинскиот пат, а договорот со Бугарија ја зголемил репутацијата на државата во Европската унија.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека забележал сериозен напредок на Македонија со што земјата е на вистинскиот пат кон Еврепската унија.

На заедничката пресс конференција со премиерот Зоран Заев во Скопје, тој рече дека Западен Балкан и нашата земја географски се дел од Унијата. Јункер истакна дека некои од реформите што се направени претствуваат голем напредок и дололни дека Договорот за добрососедство со Бугарија ја зголемил репутацијата на нашата земја.

„Не дојдовме за да ви соопштиме датум за почеток на преговор туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продложите на тој пат на реформи за неколку месеци ќе и овозможите на на ЕК да му препорача на Советот отворање на преговорите за прилкучување во Унијата. Но се уште не сме дотаму затоа што претстојат уште чекори што треба да се спроведат врз база на заслуги на секоја земја, а вашата земја има многу сопствени заслуги“, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој престојува во неколкучасовна посета на земјава во рамките на балканската турнеја.

Претседателот на Европската комисија не сакаше да коментира за спорот со името кој Македонија го има со Грција и порача двете земји сами да најдат решение. „Јас разговарав со Ципрас и реков да остане на истиот пат. Кога стигнав на аеродромот, забележав промени, што значи дека сте на добар пат. Ако продолжите по патот на реформите, ќе овозможите ЕК за неколку месеци, на советот да му даде препорака. Вашата земја има многу сопствени заслуги“, додаде Јункер.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top