Јункер апелира: Цел Западен Балкан може да влезе во ЕУ до 2025 година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите земји од Западен Балкан би требало да ја перцепираат 2025 година како датум на кој ќе можат да се приклучат на ЕУ, ако ги исполнат условите за членство, порача шефот на Европската комисија Жан клод Јункер.

По посетата на Македонија и Албанија, Јункер денес пристигна во Србија. Тој од Тирана истакна дека 2025 година е „можен датум за прием“ на сите западнобалкански земји, а не само на фаворитите. Спротивно на тоа што пишуваат медиумите, според него, ЕК никогаш не рекла дека Србија и Црна Гора сигурно ќе станат членки на Унијата во 2025 година.

– Како датум за прием, 2025 година е отворена за сите кандидати и во зависност од тоа дали до тогаш или порано или подоцна ќе ги исполнат критетриумите за членство, не ќе постапиме на таков начин што ќе ги признаеме нивните напори – порача Јункер.