Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот јунски ден во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени. Маврово 24, Охрид 28, Битола 31, Крива Паланка 28, Берово 27, Кавадарци 33, Дојран 34.
Следува период на топло време со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот.