Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И денеска, 14 јуни, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 15 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени. Маврово 15, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка 18, Берово 19, Кавадарци 24, Дојран 26.
Како што најави УХМР, и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер. Потоа ќе преовладува значително потопло време со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.