Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Амин Јунес е нов фудбалер на Наполи, откако италијанскиот клуб за неговиот потпис му плати 5 милиони евра на Ајакс.
Крилниот напаѓач за холандските медиуми ја откри причината зошто го избрал токму Наполи, иако за него интерес покажаа уште Интер, Зенит, Севиља и Свонси.
„Кога ќе го напушташ Ајакс треба да заминеш во клуб кој е на истото ниво. За мене Наполи е италијанскиот Ајакс. Тимот игра атрактивен напаѓачки фудбал, па треба само да се приспособам на новиот јазик. Имаше интерес за мене и од други клубови, но јас сум сигурен дека го направив вистинскиот избор“, истакна Јунес.