Јунајтед и Шалке во продолженија, Лион преку пенали, Селта во „регуларно“ до полуфинале на Лига Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На Манчестер јунајтед му требаа дури 120 минути за да го победи Андерлехт и да се пласира во полуфиналето од Лига Европа, „Црвените ѓаволи“ славеа со 2-1.

Манчестер јунајтед со тешки маки се пласира меѓу четирите најдобри во Лига Европа. Натпреварот почна одлично за нив, уште во 10. минута со гол на Мхитаријан поведоа со 1-0. Во тие моменти се чинеше дека нема да имаат проблем, но Андерлехт преку Хани во 32. минута изедначи на 1-1.

Манчестер јунајтед пропушти неколку одлични шанси да го реши натпреварот во второто полувреме, но не успеа да постигне гол до 90. минута па мечот отиде во продолжение.

Дури во 107. минута Рашфорд постигна за водство од 2-1 кое значеше и победа. До крајот Андерлехт имаше шанси и за изненадување, но не успеа.

Дополнителен проблем за Манчестер јунајтед се и повредите на Рохо и Ибрахимовиќ кој предвреме го завршија мечот.

Шалке го пречека Ајакс и со два гола во второто полувреме успеа да ја анулира предноста на гостите од првиот натпревар. Горецка и Бургшталер беа стрелци на головите. Ајакс последните десет минути од регуларниот дел и продолженијата ги одигра со играч помалку.

Шалке со човеке повеќе на теренот го постигна и третиот гол, во 101.минута стрелец беше Калиѓури. Десет минути подоцна со многу среќа резултатот го намали Фиргевер, а пласманот на Ајакс во полуфиналето го потврди Јунес во 120.минута.

Бешикташ и Лион во 120 минути одиграа 2:1, иако двата тима и во регуларниот дел и во продолженијата промашија неколку одлични шанси. Талиска го постигна првиот гол на натпреварот, израмни Лаказет, а потоа Талиска со својот втор гол го постави конечниот резултат 2:1.

Драмата во Истанбул кулминираше во пенал серијата, првите пет изведувачи во двата тима беа сигурни, резултатот беше израмнет и по шестата серија, потоа во седмата голлманот на Лион, Лопез го одбрани ударот на српскиот дефанзивец Тошиќ, а Жале од Лион шутираше над голот.

Лопез повоторно стапи на сцена во осмата серија кога го одбрани одбрани удаорт на хрватскиот дефанзивец Митровиќ, а потоа капитенот на Лион Гоналон беше прецизен за конечни 7:6 во пенал серијата.

Селта во 90 минута го оставри најголемиот клупски успех, палсман во едно полуфинале во европските купови.

Шпанскиот тим по првиот меч имаше предност од 3:2, а во Генк Сисит ја зголеми таа разлика. Конечните 1:1 на овој меч ги постави Тросар.

Полуфиналните двојки во Лига Европа ќе бидат извлечени в петок во Нион. Првите полуфинални мечеви се играат на 4.мај, а реваншите се на програмата на 11.мај. Финалето е во Стокхолм на 24.мај.