Јунајтед повторно прави рекорден трансфер, овој пат за најголемата ѕвезда на Островот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесоа вистинска „трансфер бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е спремен повторно да го собори светскиот рекорд, овој пат за ѕвездата на Премиер лигата.

Имено, прва трансфер цел на „црвените ѓаволи“ следното лето ќе биде ѕвездата на Тотенхем, Деле Али за кого се спремни да платат 110 милиони евра.

Деле Али се наоѓа во фантастична форма и во моментов е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата и сигурно еден од најперспективните фудбалери во светот.

Поради тоа Тотенхем нема лесно да се откаже од својот бисер, па „црвените ѓаволи“ ќе мора да платат сума приближна на онаа која ја платија за Пол Погба.

Медиумите на Островот тврдат дека финансиите нема да бидат проблем за Јунајтед и дека се спремни повторно да го срушат светскиот трансфер рекорд со понуда од 110 милиони евра.