Јунајтед му нуди богат договор на Погба, Реал веќе ја испрати првата понуда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иднината на Пол Погба е една од најжешките теми ова лето на трансфер пазарот, откако играчот потврди дека сака нов предизвик во кариерата.

Сепак, како што пренесуваат островските медиуми, без оглед на неговата желба, Јунајтед нема намера да го продаде својот најдобар играч ова лето.

Тренерот Оле Гунар Солскјер сака да го има во тимот и следната сезона и нема да го продаде по никоја цена. Последните информации од Островот се дека „црвените ѓаволи“ му понудиле нов, богат договор на Французинот.

Според „Дејли Мејл“, тие на Погба му нудат нов договор со неделна плата од 500.000 фунти, што е скоро двојно повеќе од актуелната плата, и се надеваат дека со тоа ќе го убедат да остане на „Олд Трафорд“.

Во меѓувреме Реал Мадрид работи на трансферот и нема намера да се откаже од Погба. Имено, „кралевите“ веќе ја испратиле првата понуда од 90 милиони фунти.

Раководството на Манчестер Јунајтед експресно ја одбило оваа понуда и нема да се согласи да ја пушти својата ѕвезда за сума помала од 150 милиони евра.

Во секој случај, Погба и понатаму ќе биде актуелна тема, бидејќи сагата за неговиот трансфер сигурно ќе потрае…