Advertisements
Спорт

Јунајтед ќе ги спонзорира фановите за гостувањето на „Камп Ноу“

Барселона и Манчестер Јунајтед веќе почнаа да ги преземаат првите стратегиски чекори пред четвртфиналниот дуел во Лигата на шампиони.

Каталонците поставија исклучително висока цена на билетите кои се наменети за англиските фанови кои ќе сакаат во живо да го гледаат мечот на „Камп Ноу“ и да им дадат поддршка на „црвените ѓаволи“.

Тие ќе треба да платат 102 фунти, што е највисока цена во историјата на англискиот клуб. Како одговор на тоа од „Олд Трафорд“ објавија дека се принудени да постават иста цена и за фановите на Барселона за мечот во Англија.

Притоа, англискиот клуб ќе финансира дел од цената за секој билет за да им го олесни патувањето на фановите. Клубот ќе субвенционира 27 фунти од секој билет, што значи дека фановите на Јунајтед ќе треба да платат по 75 фунти.

Гостите ќе имаат на располагање 4.610 билети за мечот на „Камп Ноу“.

Ова не е прв пат Јунајтед да ги финансира билетите на фановите, истото се случи минатата година за гостувањето кај Севиља, како и за гостувањето кај Валенсија оваа сезона.

Advertisements

Најпопуларно

To Top