Јунајтед ја поправа грешката – го враќа Заха на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха јавно потврди дека ова лето сака да го напушти клубот, а англиските медиуми тврдат дека е отворен за враќање на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед во 2013 година го купи Вилфред Заха како голем англиски талент, но за жал, крилниот напаѓач не доби вистинска шанса на „Олд Трафорд“.

Заха во 2013 година се пресели во Кристал Палас за 15 милиони фунти, а сега би можел да се врати назад и тоа за неверојатни 80 милиони фунти.

„Мирор“ пишува дека за него се заинтересирани и Тотенхем, Арсенал и ПСЖ, кои се спремни за неговиот потпис да платат 65 милиони фунти.

„Јас сум премногу амбициозен и сакам да ги остварам зацртаните цели. Не е целта да играм само за голем клуб, целта е да освојувам трофеи и да остварам успех и со репрезентацијата. Морам да ја доживеам Лигата на шампионите, потребна ми е само шанса да го направам тоа“, истакна Заха.

Оваа сезона Заха одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 10 гола и запиша 5 асистенции.

https://youtu.be/n7eS-8048tg