Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако вчера му врачија отказ на Жозе Мурињо, денес Манчестер Јунајтед за привремен менаџер до крајот на сезоната го постави Оле Гунар Солскјер.
45-годишниот стратег има договор со Молде до 2021 година, па Манчестер Јунајтед го „позајми“ до крајот на сезоната. За таа цел „црвените ѓаволи“ му платија 2 милиони евра на норвешкиот клуб.
„Манчестер јунајтед праша дали може да го позајми Солскјер, а ние се согласивме на тоа. Тоа е голема промоција за Молде”, кажа извршниот директор на клубот, Ојстен Нерлен.
Планот е Солскјер да остане на „Олд Трафорд“ до крајот на сеозната, а потоа ќе се врати во Молде да го одработи договорот.
BREAKING: @ManUtd have confirmed Ole Gunnar Solskjaer has been appointed as caretaker manager until the end of the season.
Follow all the reaction to Jose Mourinho's sacking by @ManUtd as Ole Gunnar Solskjaer replaces him as interim boss here: https://t.co/kouvEuOFMj pic.twitter.com/GvQ3Y3gSyO
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 19, 2018