Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунатед ја доби битката за потписот на 16-годишниот „вундеркинд“ на Бенфика, Емаро Емболо кого веќе го нарекуваат „новиот Ди Марија“.
„Црвените ѓаволи“ веќе една година го следат овој талент, а во текот на летото Бенфика ја одби нивата понуда од 7 милиони евра. Потоа во битката за потписот на Емболо се приклучи и Реал Мадрид кој понуди 10 милиони евра.
Според португалскиот весник „Рекорд“ во оваа битка веќе има победник и Манчестер Јунајтед е тој што ќе го добие потписот на фудбалерот. Меѓутоа не е јасно колкава сума ќе и плати клубот од „Олд Трафорд“ на Бенфика.
Оваа сезона Емболо постигна 5 гола во 12 натпревари за младинците на Бенфика, а во португалската репрезентација до 17 години има постигнато 15 гола на 18 натпревари.
Фановите на Бенфика се лути на раководството затоа што сметаат дека подраниле со продажбата на големиот талент.