Јулски биланс: Девизните резерви намалени за 126,6 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вкупните девизни резерви во земјава заклучно со 31 јули 2107 година имаа вредност од 2.273.300.000 евра, покажуваат пподатоците на Народната банка на Република Македонија.

Еден месец претходно државните девизни резерви беа на ниво од 2.399.900.000 евра или 126,6 милиони евра повеќе во однос на јули, а во однос на истиот период во 2016 година кога изнесуваа 2.588.200.000 евра, се за 314,9 милиони евра повеќе во споредба со јули оваа година.

Вредноста на монетарното злато во јули беше 239.000.000 евра или 2,1 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на јули 2016 година, монетарното злато беше на ниво од 262.400.000 евра.

Хартиите од вредност на крајот на седмиот месец од оваа година достигнаа 1.840.700.000 евра или 58,4 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (1.782.300.000 евра), а се пониски за 230,6 милиони евра во однос на јули минатата година.

На сметка на валутите и депозитите заклучно 31.07.2017 година се прокнижени 189.300.000 евра или 182,8 милиони евра помалку во однос на јуни, додека во однос на јули минатата година тие се помали за 60,4 милиони евра.