Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Курт Хилшер беше германски фотограф кој во раните години на 20-от век патуваше низ Европа и фотографираше импресивни фотографии. Автор е на неколку успешни книги во кои се наоѓаат фотографии од Италија, Шпанија, Германија и Југославија.
Во средината на ’20-те години од минатиот век Хилшер патуваше низ цела Југославија подготвувајќи го материјалот за книгата со фотографии од пејзажи, држави и народи. Во Белград му беше доделен преведувач, доби дозвола за влез на имотите од сите локални власти, а на располагање му беа и автомобили за превоз. Zeiss-Ikon и Agfa му дадоа извонредни фотоапарати, објективи и фотоплочи.
На својот пат од словенските Алпи до границите со Бугарија, Хилшер направи вкупно 1.200 фотографии, од кои избра 191 и објасни дека се обидел да ги прикаже атрактивните, разновидни пејзажи, архитектурата и начинот на живот во Југославија. Истакна дека неговата намера не била да прави разгледници.
Неговат азбирка во 1926 година беше објавена во Берлин. Оваа драгоцена книга веќе долго време не се препечатува, а сите фотографии се наоѓаат на Agfa Chromo Isorapid плочи.