Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Потегот на Златан Ибрахимовиќ финансиски да инвестира во фудбалскиот клуб Хамарби беше причина за голем гнев кај навивачите на Малме, клубот каде што Златан ги направи првите чекори.
Ибрахимовиќ купи 25% од акциите на Хамарби и веројатно ниту самиот не можеше да претпостави дека ќе предизвика толкав гнев кај навивачите кои го сметаа за нивна легенда.
Фановите на Малме прво ја оштетија статуата која беше неодамна поставена пред стадионот, а подоцна го нападнале и неговиот дом.
Пред куќата на Ибра во Стокхолм било напишано „Јуда“, додека на плочата каде што стои името на Златан било истурена солна киселина.