Актуелно

Јубилејниот 30-ти саем на книгата ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“

Претстојното издание на Саемот на книгата ќе се одржи во салата на СЦ „Борис Трајковски“, со оглед на тоа што Сајмиште веќе не работи, информира Министерството за култура.

„Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата. Саемот на книгата годинава ќе се одржи во салата ‘Борис Трајковски’ за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава, сепак, да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата“, велат од Министерството.

Саемот на книгата годинава ќе се одржи 30. пат, но од Министерството не ја наведуваат датата на одржување.

„Министерството за култура во наредните денови ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за поконретните аспекти на организирање на Саемот и обезбедување на потребната поддршка. Додека не се премости проблемот со обезбедување саемски простор во градот, Министерството ќе продолжи да создава услови во континуитет за оваа значајна манифестација да продолжи да се одржува, да се развива и да ги задоволува културните потреби на нашите граѓани“, велат од Министерството.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top