Јубилеен четврт век од испраќањето на првата СМС порака – еве што пишувало


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Кога беа пуштени како комуникациска опција на мобилните телефони, не беа баш евтина опција ако се земе во предвид должината, па сите пазевме секој од 160-те карактери колку што ја сочинуваа една порака, да ги искористиме максимално и најпрактично. Денес, СМС пораките се речиси бесплатни, но не нешто помалку актуелни.

На денешен ден, 3 декември, 1992 година, со кратка содржина во која пишувало „Среќен Божик“ е првата СМС порака. Она што е интересно во врска со истаат е дека не е напишана на мобилен телефон, туку на компјутер. Оваа година се прославуваат 25 години од испраќањето на првата кратка порака.

Иако денес се поголем број на луѓе комуницираат преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и интернетските сервиси, на пример Вибер, кои овозможуваат бесплатна размена на пораки, најпопуларниот начин за текстуална комуникација и понатаму е СМС-от.

Според некои аналитички компании, 92 отсто од корисниците на паметни телефони и понатаму го користат овој начин на размена на текстуална порака.