Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ретките Ју-Џи-О карти можат да бидат скапи и по неколку илјади долари, како што се картите со ликовите Думкалибер Најт (Doomcaliber Knight) или Дарк Маџишн Грл (Dark Magician Girl).
Но, тие не се ни блиску до цената од картата Blue-Eyes Ultimate Dragon, кои чинат 45 милиони јени или 406.800 долари. Оваа карта е многу уникатна, поради што се продава по неверојатна цена во специјална продавница за карти во Токио. На неа се наоѓа и потпис од Казуо Такахаши, креаторот на Ју-Џи-О играта со карти.
Првичниот сопственик на Blue-Eyes Ultimate Dragon се обиде, веројатно на шега, да ја продаде картата за неразумно луди 900 милиони долар, но немаше таков купувач кој понуди таква сума. Поради тоа, цената падна на 406.800 долари.
Интересен е фактот дека Blue-Eyes Ultimate Dragon картата не е ни приближно најскапа Ју-Џи-О карта. Победникот на првиот Ју-Џи-О турнир, кој се одржа во 1999 година во Јапонија, доби карта Black Luster Soldier, направена од не’рѓосувачки челик. Оваа карта беше продадена за речиси 2 милиони долари, што ја прави и најскапа карта во историјата на човештвото.
Љубителите на Ју-Џи-О играта и колекционерите денес често даваат стотици и илјадници долари за карти со ликовите кои ги креираше Такахаши.
Играта, всушност, претставува дуел помеѓу двајца играчи со своите карти со чудовишта, магии и стапици, кои се обидуваат да се надмудрат еден со друг. Секој играч составува свој шпил од најмалку 40 карти, со цел да ги симне противничките бодови од 8.000 на нула.