Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поради неможноста да се одржува соодветно оптимално растојание помеѓу патниците, ЈСП „Скопје“ апелира граѓаните кои се превезуваат со автобус да носат заштитни маски се со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
– Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид – 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска. Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје – велат од јавното сообраќајно претпријатие.
Оттаму меѓу другото потсетуваат и дека, тие како јавно сообраќајно претпријатие немаат нема ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту пак имаат право да ги казнуваме.