Актуелно

Јово Вангеловски не ја дава судската сала за да му се суди на Груевски

Судењето за најголемиот случај на СЈО „Титаник“, каде за злосторничко здружување за изборен криминал, меѓу обвинетите е и експремиерот Никола Груевски како и неговите најблиски соработници од тогашниот извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, закажано е за 2 април, но нема каде да се одржи, бидејќи како што дознава СакамДаКажам, Јово Вангеловски не ја дава големата сала во Врховниот суд.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев и судијата што ќе го води овој процес Осман Шабани сега бараат чаре за случајот.

За ваквиот потег на Вангеловски никој нема поднесено претставка до Судскиот совет.

Инаку, на речиси сите обвинети повеќе од половина година им се одземени пасошите. Сите предлози за притвор во целост беа одбиени од Кривичниот и од Апелациониот суд Скопје.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top