Јовица Михајловски: Лепиш плакати, стануваш пратеник, отвараш коверт со патни трошоци и ејјј 10.000 евра (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Актерот Јовица Михајловски во свој оригинален стил објави видео, на кое зборува за патните трошоци на пратениците и за тоа како се станува пратеник.

„Влегуваш во партија, лепиш плакати, лижеш… јадеш сендвичи и стануваш пратеник. После одиш на благајна и си земаш ковертче со патни трошоци ииии ејјјј 10 илјади евра. Одиш пак и пак 10 илјади евра“, вели Михајловски во стилот на популарната реклама која деновиве се врти на телевизија.