Јовиќ запиша нов настап за Реал, ама поголемо внимание привлече Софија на трибините


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот репрезентативец запиша уште еден настап за Реал Мадрид, иако имаше малку време за тоа бидејќи влезе во игра дури во 80-тата минута.

Јовиќ беше замена на Карим Бензема во моментот кога беше 5:1 за Реал против Мајорка, а натпреварот заврши со 6:1.

Во преден план, во свечената ложа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ беше избраничката на српскиот фудбалер, атрактивната манекенка Софија Милошевиќ, која пленеше со својот изглед.

На теренот, центар на вниманието беше Марко Асенсио. Бензема беше стрелец на првиот гол на Реал во 3-тата минута, а Асенсио го постигна својот прв гол во 24-тата. Потоа Ли Канг-Ин намали на 2:1, а четири минути подоцна Асенсио повторно постигна гол.

На почетокот на второто полувреме голот на Карим Бензема беше поништен поради претходен фаул, но наскоро Шпанецот по трет пат ја затресе мрежата и беше 4:1. Бензема потоа го постигна и третиот гол, втор признат, и на семафорот беше 5:1, а потоа Зидан му даде шанса на Јовиќ.