Јовески: Во СЈО по ист основ дупло се исплаќале пари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според првичните анализи во рамки на истрагата на државното обинителство за бонусите кои се делеле во СЈО, во обвинителството за исти основи по два пати се исплаќале пари.

Обвинителот Љубомир Јовески вели дека нелогични се сумите кои ги добивале вработените во специјалното обвинителство оти биле повисоки дури и од платата на претседателот на државата..

Обвинителството за гонење организиран криминал пред два дена почна истрага за надоместоците кои се исплаќале во СЈО.. Обвинителката Вилма Русковска за Сител вели дека во тек е проверка на одземената документација и штом има првични сознанија, за нив ќе биде информирана јавноста.

Државниот обвинител Јовески пак појаснува дека согласно законите, додатоците на плата кај јавните обвинители не смеат да надминуваат 35 проценти од платата и тие се исплаќаат за доверливот, висок ризик и посебни услови за работа.

Обвинителката Фатиме Фетаи вчера рече дека платите кои ги добивале се за околу 300 евра повисоки од платите на останатите обвинители, додека бонусите од околу 22 илјади евра биле многу помали од сумата која за патни трошоци ја добивале парламентарците.