Јовески: Парите во „Рекет“ биле дадени во кеш во два наврати


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Независен весник“, изјави дека во рамки на случајот „Рекет“ кој моментално уште ја тресе македонската политичка и поширока јавност, никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден од силата на законот и правдата.

Јовески открива некои детали за истрагата за најновиот случај „Рекет“, за сметките на бизнисменот сведок и за проширувањето на истрагата. Според него се истражува дали целта била да се поткупат обвинители или само да се искористи влијанието на првоосомничениот врз јавен обвинител.

На прашање дали парите биле дадени во кеш и дали обвинителството ќе истражува од кои сметки се влечени и како се стекнати? Тој објаснува дека парите се дадени во готовина во два наврати.

,, Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал,“ вели Јовевски