Јове Кекеновски со претставка до Уставен го оспорува Законот за јазици


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Јове Кекеновски до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на Законот за јазици со образложение дека, според него, Собранието го усвоило законот без предвидениот потребен број гласови.

„Имајќи го во предвид став 1 од амандманот 18 на Уставот на Република Македононија, сметам дека Собранието го усвоило овој Закон со недоволен број гласови од потребниот што императивно го побарува овој амандман“, изјави Кекеновски.

При донесувањето на овој Закон, како што појасни Кекеновски, претседателот на Собранието, како и останатите собраниски органи и служби морале да го имаат во предвид фактот дека за да биде усвоен Законот потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има и мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија, а не да биде усвоен со 69, што значи дека треба со 80 пратеника.

– Со усвоениот Закон за јазици се врши промена и истиот е во спротивност со суштината или се деградира, се надминуваат рамките на амандманот 5 или поранешен член 7 кој што е во врска со амандманот 18, меѓутоа се врши и повреда на темелните вредности на Република Македонија, поточно член 8 алинеја 3 и алинеја 9. Или, ако сакате да бидам појасен, тоа е владеење на правото и локалната самоуправа, вели Кекеновски.

Дополнително, како што истакна тој, при донесувањето на одлуката, Уставниот суд мора да го има во предвид и фактот дека Законот не е потпишан од страна на претседателот на Република Македонија и да постапи соодветно на досегашната практика каде што голем број на други закони што не биле потпишани не влегле во сила.

Според него, мора да се има во предвид и фактот дека Собранието на Република Македонја при третото читање на Закон воопшто не ги земало во предвид доставените забелешки од страна на претседателот на Република Македонија, како и поднесените амандмани од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија.

Со оглед на овие наведени неспорни факти, како што истакнува Кекеновски, потребно е Уставниот суд да ја усвои иницијативата, односно да донесе решение за поведување на постапка за оценување на уставност на Законот.