Јошевска апелира: Не може Јанева да ја застапува адвокат кој брани обвинет во случај од СЈО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дел од македонската правна фела денес со свој став и реакции по појавувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на распит кај обвинителката Вилма Русковска, за случајот „Рекет“, во придружба на адвокатот Стеван Павлески.

Според дел од адвокатите, прво е проблематично што Јанева воопшто се појави со адвокат на распитот, бидејќи таа засега е познато дека е повикана како сведок, а тие потврдуваат дека досега на адвокатите не им било дозволено присуство како бранители при испрашување на сведоци.

Сепак, повеќе проблематично, според адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска е тоа што адвокатот на Јанева, Стеван Павлески, е бранител и на бизнисменот Цветан Панделевски, осомничен во случајот на СЈО „Империја“. Исто така, Павлески му е бранител и на екс директорот Љупчо Ѓорѓиевски, обвинет во случајот „Траекторија“.

„Прво, проблематично е што е воопшто со адвокат, ама тоа е помалиот проблем. Поголемиот проблем е што е со адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет кој таа го гони. Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!“, вели адвокатката Јошевска.

За потсетување, токму Јанева одлучи на Панделевски да му даде времен пасош, како и на бизнисменот Орце Камчев, и двајцата осомничени во „Империја“.