Јоханес Хан со радост му честиташе победа на Пендаровски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Eвропскиот комесар за проширување Јоханес Хан преку неговиот Твитер профил му ја честиташе на Стево Пендаровски победата на претседателските избори и неговиот избор за шеф на Република Северна Македонија.

-Се радува на продолжување на соработката на реформската агенда на ЕУ во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отвораат патот за почеток на пристапни преговори во јуни 2019-напиша Хан на Твитер.

Северна Македонија, како што вели, може да смета на континуирана поддршка на ЕУ за европска перспектива на земјата, согласно со силните европски аспирации за своите граѓани.

Врз основа на сите обработени гласови, на претседателските избори во Северна Македонија Пендаровски освои 51,68 отсто од гласовите, додека Гордана Силјановска Давкова освои 44,72 отсто од гласовите.

Меѓу они кои му честитаа пореку Твитер на Пендаровски беше и австрискиот државник Себастијан Курц.