Јоаким Лев спречуваше тепачка на финалето помеѓу Чиле и Германија (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Битката на финалниот дуел од Купот на конфедерациите во Санкт Петерсбург беше жестока, а Германија успеа да ја добие со минимални 1:0 кои ја закитија со ново злато.

Во самата завршница од натпреварот Чилеанците, кои беа подобра екипа во поголемиот дел од натпреварот, бркаа израмнување после серијата промашени шанси. Во 90-та минута, после еден прекршок, еден од германските играчи остана да лежи на земја со топката меѓу нозете, на што чилеанските играчи веднаш скокнаа со реакција и сакаа да продолжат со играта. Во гужвата се вмеша и клупата од Германија и настана нов хаос на теренот.

Дури и селекторот на Германија, Јоаким Лев, мораше да реагира, па притрча на теренот и дојде до местото каде што настана гужвата повлекувајќи ги своите играчи за да не дојде до поголем инцидент и натпреварот да продолжи. Но, за Чиле веќе немаше доволно време.