Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Анѓела Ѓорѓиевска, девојката на убиениот Пино Секондо, во рамки на случајот кој се води за неговата брутална и монструозна егзекуција.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против едно лице за убиство на Пинета Секондо Пино. Обвинението е за кривично дело од член 123 став 1, а во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик.
„На 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште“.
Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.
Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе“, соопштуваат од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Ваквиот предлог обвинителот го темели особено на опасноста обвинетата да се даде во бегство, соочена со кривична одговорност за тешко кривично дело, како што тоа го направил соизвршителот кој се уште е недостапен на органите на прогонот. Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело.
Анѓела Ѓорѓиевска веќе е во притвор, убиецот Али Фуркан е во бегство.
За Фуркан за сега нема обвинение бидејќи е недостапен за обвинителството. За анѓела пак е побарано да и се продолжи притворот бидејќи како што напишало обвинителството постои опасност да избега како што тоа го сторил и Фуркан, но и да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите.
[contact-form][contact-field label=”Name” type=”name” required=”true” /][contact-field label=”Email” type=”email” required=”true” /][contact-field label=”Website” type=”url” /][contact-field label=”Message” type=”textarea” /][/contact-form]