ЈО му поднесе кривична пријава на директорот на Управата за финансиска полиција Муареми


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Злоупотреба на службената положба и овластувања, насилство и малтретирање во вршење на службата се трите основи по кои директорот на Управата за финасиска полиција Арафат Муареми добил кривична пријава од Основното јавно обвинителство, пренесе Нетпрес објавувајќи ја и пријавата која била поднесена.

Претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција по пријава од група граѓани изврши претрес во Управата за финансиска полиција. По претресот Управата за финансиска полиција поднесе претставка до јавниот обвинител затоа што наредбата не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена. Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејства е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава”.

Неофицијално, Муареми во јавноста се споменува како дел од случаи за кои се води постапка во Јавното обвинителство за организиран криминал за вршење притисок врз правни субјекти кои биле рекетирани и уценувани да исплатат „црни пари“, а за возврат институциите да не ги гонат за кривични и други дела сторени од нив.