Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не е многу воодушевен од врската на голманот на неговиот клуб Лорис Кариус со „кралицата на фитнесот“ Памела Рајф.
Според Клоп, од кога Кариус ја започнал врската со 20-годишната Памела, неговата форма почнала нагло да опаѓа, поради што тој и заврши на купата, станувајќи резервен голман.
Германката Рајф, која се прослави како фитнес инструктор, има околу 2,8 милиони следбеници на Инстаграм, поради што многумина ја нарекуваат „нова германска кралица“ на оваа социјална мрежа.
Во изјава за германските медиуми Памела вели дека е задоволна од заработката на Инстаграм, но одби да открие колку заработува преку оваа социјална мрежа.