Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Непрекинато тече спасувачката акција во Турција за извлекување на погодените од земјотресите што во понеделникот го погодија југоистокот на земјата.
Една од приказните која заврши со среќен крај и денеска го обиколува светот е извлекувањето на осумгодишниот Јигит Чакмак.
Детето помина дури 52 часа под урнатините од зграда во провинцијата Хатај, а денеска беше извлечен жив и здрав. Во солзи го чекаше неговата мајка, која Јигит силно ја прегрна откако спасувачите во раце го однесоа кај неа.
Билансот од разорните земјотреси во Турција и Сирија се менува од минува во минута. Последните бројки говорат дека во двете држави загинаа над 11 000 лица, а над 50 илјади се повредени.