Јеца „тасма“ гола пропагира мода без крзно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не мора да ви се допаѓа како лик, уште помалку како пејачка (веројатно одамна не е првенствено пејачка, ионака е очајно слаба во тој поглед), ама мора да признаеме дека комшивката Јелена Карлеуша одлично се снаоѓа во маркетингот, самопромоцијата и инстант рекламата на социјалните мрежи.

Од славните фаци на западниот шоубизнис ја научи лекцијата дека голотијата продава апсолутно сè, па таа лекција ја искомбинира со бомбастичните облини со кои располага и редовно крева прашина на социјалните мрежи со нејзините разголени изданија.

Последно, Карлеуша ја поддржала кампањата на организацијата за заштита на животните PET и за потребите на истата се соблекла потполно гола.

Покрај фотографијата пишува „Попрво гола отколку во крзно“, што многумина налутило бидејќи знаат дека Јелена и тоа како сакала да носи крзно.

Секако, пејачката набргу им одговорила:„За сите оние кои ќе напишат глупост од типот ’таа носеше крзно, јадеше месо и т.н.‘ само да појаснам. Никој не го спори тоа. Битно е да се промени ставот, да се биде подобар и да се направи вистинската работа. Ако можам јас, може секој“ напишала Јелена на социјалните мрежи.