Јеремиќ обвинува: Вучиќ тајно преговара со Косово, нуди територијална размена


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Српската народна партија и бивш министер за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ, го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ за водење тајни преговори со претседателот и со премиерот на Косово, Хашим Тачи и Рамуш Харадинај. Јеремиќ вели дека Вучиќ се обидува неумешно да ја прелаже меѓународната заедница, но и да купи дополнително време за себе и своите коалициски партнери во Приштина.

„Со оглед на тоа што рокот за решавање на косовското прашање истекува на почетокот на летото, Вучиќ сега има потреба од сè што ќе користи во тој процес. Во вторникот тој беше во Париз на тајна вечера со Хашим Тачи, а во понеделникот тајно отпатува за Њујорк за што српската јавност не беше информирана. Тој исто така води преговори со Харадинај преку близок посредник од неговото опкружување“, изјави Јеремиќ.

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија објасни дека Вучиќ предложил идеја за размена на јужниот дел на Србија за северно Косово, но таа била одбиена бидејќи одамна ветил потпишување сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина, што ќе му овозможи на Косово да се приклучи кон Обединетите нации.

Јеремиќ посочи дека Вучиќ панично се обидува да стигне до сеопфатен договор бидејќи веќе шест години тргува со српските интереси на Косово за да ја зајакне, како што вели, својата брутална диктаторска власт. Според Јеремиќ, српскиот претседател исполнува сè што е побарано од него, без да постави услови и без албанската страна да го исполни својот дел од договорот.