Јелена од „Преспав“ стана „мама Јелена“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонската актерка Јелена Јованова (35), која јавноста најдобро ја запозна преку нејзината улога во хумористичната серија „Преспав“, стана мајка. Игор Џамбазов ја откри убавата вест на Инстаграм и ѝ честиташе на својата колешка од серијата „Преспав“.

„Јеленче стана мааааммаааа!!! Драчево е на нозе! И Хрватска по малце…“, напиша тој за Јелена која е омажена во Хрватска со актерот Стјепан Периќ.

Инаку, актерката ја криеше бременоста од јавноста и веста дека се реализирала во улогата на мајка е вистинско изненадување за сите.

Јованова е една од нашите најангажирани актерки дома, но и во странство, и заштитно лице на првиот македонски парфем со дизајнерски потпис „Actress“на Тања Кокев. Секогаш е подготвена за нови претстави, филмови, серии.

Го сними шпанскиот трилер „El desentierro“ на режисерот Начо Руиперез, каде што ја толкува главната женска улога. Претходно, ги нанижи филмските улоги во хрватскиот филм „Устав на Република Хрватска“, српскиот „Злогоње“, ирскиот филм „Како да ме нема“, но и филмот кој го режираше Анџелина Џоли „Во земјата на крвта и медот“. Јованова ја видовме и во сите телевизиски серии што ги реализираа македонските продукции: „Преспав“,„На терапија“, „Инсајдер“, а ја играше и главната улога во хрватската серија „Тајни“.

Јованова стабилно го трасира својот пат кон интернационална кариера, а успешно го менаџира и својот приватен живот. Родена е во Босна и Херцеговина, израсната во Македонија, а во моментов е во Хрватска. Честите патувања не стивнуваат ниту сега бидејќи матичен театар ѝ е МНТ Скопје, а со нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, живеат во Загреб.