Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После написите на некои српски таблоиди дека Новак Ѓоковиќ и актерката Марија Каран флертувале на концертот на Дино Мерлин во Црна Гора и дека Јелена бурно реагирала на сето тоа, се јави сопругата на Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.
„Ако не ја негирате лагата – затоа што немате одговор на глупостите и едноставно не се занимавате со тоа – за новинарите тоа се смета како зелено светло да ве влечат низ весниците и да ве прават дворска луда “, напиша Јелена до веста со наслов„ Јелена го нападна Новак поради Марија Каран “.
„По 15 години пишување за аферите со секоја девојка од нашето заедничко опкружување, тие сега не` познаваат толку добро како двојка, што знаат дури и кога сум љубоморна без зборови и дела (затоа што наводно не можете да го видите тоа, но тие знаат зашто имаат многу „сигурни извори“), и секако кога не ја негирате глупоста, тоа автоматски станува корисна мамка за идните објави за сега веќе поранешните љубови … Затоа што така ликот и делото на еден млад, успешен спортист од нашата земја е почитувано. Сите овие години, многу повеќе кликови носат скандалите “, напишала меѓу другото Јелена.
Марија Каран, која на домашната публика и е позната по улогата во серијата „Изборот на Лара“, не ги коментирала новинарски написи. Претходно, таа на својот профил на Инстаграм споделила фотографија на која таа и една пријателка позираат со Ѓоковиќ.
View this post on Instagram