Home Шоубизнис Јелена Ѓоковиќ: „Не се живее националноста само на социјалните мрежи“

Јелена Ѓоковиќ: „Не се живее националноста само на социјалните мрежи“

Сопругата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, симпатичната Јелена Ѓоковиќ, многумина ги изненади со влегувањето во вербален конфликт со своите пријатели на Инстаграм.

Ретко кој очекуваше дека Јелена директно ќе одговара на коментарите на нејзините објави, но таа го направи токму тоа на фотографијата на која позира со Ноле во природна средина. „Да живеат новите почетоци и свежите стартови“, напиша Јелена во описот на фотографијата.

„А што не те одведе малку до Шавник, во Боан, да ја видиш неговата дедовина? Дурмитор? Тој со тебе ќе го заборави српскиот јазик, а не црногорското потекло. Му посакувам среќа на нашиот Новак. И тебе да се приземјиш, бидејќи многу зборуваш. Извини. Часови по српски – поволно“, напиша една нејзина пријателка во коментар, замерувајќи на англискиот јазик на кој го имаше напишано описот Јелена на фотката.

„Зошто мислиш дека веќе не сме биле таму? Не се живее националноста само на социјалните мрежи“, коментираше Јелена, која извесно време е директорка на фондацијата од Ѓоковиќ која се занимава со собирање средства за сиромашните деца во Србија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …