
Изгледот на Јелена Ѓоковиќ отсекогаш бил импресивен.
Совршениот изглед на Јелена Ѓоковиќ, нејзиното одлично здравје и совршено вајано тело се резултат на бројни откажувања.
Дури и малите деца знаат дека сопругата на славниот спортист се откажала од многу намирници, сѐ со цел да го одржи своето тело витално и силно што е можно подолго.
Месото, како и сите животински производи, немаат место на трпезата на Јелена и Новак, а таа гордо истакнува дека дури и нивните деца, Тара и Стефан, доброволно го следат нивниот начин на исхрана.
Освен сите откажувања, постои уште една тајна благодарение на која изгледот на Јелена Ѓоковиќ со години останува на завидно ниво – тоа е напитокот од куркума кој се пие на празен стомак секое утро.
Подготовка:
– ½ исцеден лимон
– ½ лажичка куркума
– ½ лажичка мед (оризов или јачменов слад, сируп од агаве…)
– ¼ лажичка цимет
– Прстофат бибер
– 1 шолја топла вода
Сите состојки добро измешајте ги за зачините да не паднат на дното на шолјата, и испијте го овој еликсир на празен стомак.
Може да додадете и прстофат црн бибер за да ја подобрите апсорпцијата на куркумата.
Истражувањата покажуваат дека куркумата е ефикасен лек и превентивно средство против различни болести како што се дебелина, дијабетес тип 2, хипертензија, проблеми со дигестивниот систем, гастритис, инфекции на уринарниот тракт и бубрезите, како и различни типови канцери. Најмногу се користи за детоксикација на организмот.