Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Балканштината е дијагноза – дефинитивно. Уште еден доказ за тоа е ова видео.
Инцидентот кој е снимен се случил за време на еден од летовите на релација Билунд – Тузла. Типот на видеото кој урла, Сулејман Имамовиќ, со потекло од Босна, но со данско државјанство и државјанин на Данска, почнал да ги навредува со погрдни зборови другите патници и да се заканува дека ќе активира бомба.
Поради тоа што немало услови да слета во Тузла, авионот бил пренасочен да слета во Белград. Откако им било соопштено на патниците, Имамовиќ почнал да пцуе и да навредува бидејќи не сакал да слета во Србија.
По дополнителни консултации со српското обвинителство, против државјанинот на Данска е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост, како и загрозување на безбедноста на воздушниот простор.