Јазичарите и историчарите остро против двојазичноста – законот целосно го брише и АСНОМ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Стапувањето во сила на законот за јазици е последната шајка за погребување на АСНОМ, сметаат историчарите. Покрај тоа што е прекршена правната процедура, со ваквите одлуки се удира и по АСНОМ, каде македонскиот јазик е прогласен за службен јазик и се анулира државноправната одлука, вели историчарката Наташа Котлар која истакна дека со ваквите постапки како противправното донесување на законот за јазици, таа очекува да се случи катарза во општеството.

Jазичарите децидни, велат одлуката е скандалозна и дека иако тие зборувале и упатувале апели да не се избрзува со овој закон сепак, власта останала глува. Научниот советник, Александра Ѓуркова, од Институтот за македонски јазик вели дека овој закон ќе има негативни последици во врска со статусот на македонскиот јазик во Македонија, но и посочи дека стапувањето во сила на законот за јазици е всушност кршење на Уставот на Република Македонија и дека највисоките правни инстанци, како Уставниот суд, мораат да реагираат на оваа состојба на кршење на владеењето на правото.

Наместо унапредување на можностите за учење на македонскиот јазик и зацврстување на неговиот статус на сите нивоа на државата, сега имаме ситуација во којашто се фаворизира јазикот што го зборува 20% од населението односно, барем за сега, албанскиот јазик и на таков начин се проектира една перцепција дека овие два јазика треба да имаат изедначен статус.Овој процес понатаму, може да влијае дезинтегративно на државата, вели Ѓуркова за Алфа.

Вчера законот за јазици беше објавен во службен весник. Во образложението на се вели дека основната цел за донесување на истиот е доследно преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.

Извор: Алфа